Кличко во интервју за Германската новинска агенција (ДПА) истакна дека „едно од најважните прашања“ за неговата земја е дали Германија ќе ги испорача бараните крстосувачки ракети Таурус.
– Ние ја браниме нашата земја. И затоа ни требаат тие ракети. Можеме да го искористиме за уништување на руската воена логистика, посочи Кличко.
Тој додаде дека конечно очекува позитивна одлука од германската Влада.
Украина во мај минатата година побара од Германија крстосувачки ракети Таурус, кои се многу прецизни и имаат дострел од 500 километри и можат да ги погоди руските позиции и магацините за материјали далеку зад фронтот.