Австралискиот тенисер Ник Кирјиос доживеа пораз во првото коло на Отвореното првенство во Мелбурн, каде беше совладан од Британецот Џејкоб Фернли, а по натпреварот за медиумите изјави дека веројатно никогаш повеќе нема да настапи на овој Грен-Слем.
„Искрено, не сум сигурен дали се гледам на уште едно издание во сингл-конкуренција. Едноставно, не сакам да излезам повреден и само да ги предавам мечевите.
Навивачите со нетрпение го очекуваа моето враќање, а јас ги разочарав со настапот. Физички не сум доволно подготцен за овие напори, тоа беше повеќе од очигледно“, изјави Кирјиос.