Вести Случаите кај децата се особено високи

Кина: Здравствените власти бараат повеќе клиники за да се справат со растот на случаи на респираторни заболувања

Кинеското Министерство за здравство денеска ги повика локалните власти да го зголемат бројот на клиники кои лекуваат треска, со оглед на тоа дека земјата се бори со пораст на случаите на респираторни заболувања.

Кина: Здравствените власти бараат повеќе клиники за да се справат со растот на случаи на респираторни заболувања

Минатата недела, растот на бројот на случаи стана глобална тема откако Светската здравствена организација (СЗО) побара од Кина повеќе информации за ова прашање, цитирајќи го извештајот на Програмата за следење на новите болести за порастот на бројот на случаи на недијагностицирана пневмонија кај деца.

Кина и СЗО беа во конфликт за транспарентноста во известувањето на информациите на почетокот на пандемијата, која избувна во централниот кинески град Вухан кон крајот на 2019 година. СЗО во петокот соопшти дека нема нови или невообичаени патогени во неодамна пријавените случаи на заболување.

Портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг денеска изјави дека порастот на акутните респираторни заболувања е поврзан со истовремената циркулација на неколку видови патогени, меѓу кои доминантен е грипот.

Случаите кај децата се особено високи во северните области како што се Пекинг и провинцијата Лиаонинг, каде болниците предупредуваат на долги редици. Државниот совет (назив на кинеската влада) исто така предупреди во петокот за ризикот од зголемување на бројот на инфекции поврзани со Ковид.

„Сите населени места треба да го зајакнат известувањето за информации за заразни болести за да се осигураат дека информациите се пренесуваат брзо и точно“, се вели во соопштението на Државниот совет.

Во четвртокот, СЗО наведе дека податоците обезбедени од Кина укажуваат дека новопријавените случаи се поврзани со укинувањето на ограничувањата за Ковид пред 11 месеци, како и со циркулацијата на познати патогени како микоплазма пневмонија, честа бактериска инфекција која обично ги погодува децата, и која трае од мај.

To top