Вести

Карл Нехамер за откажаните концерти на Тејлор Свифт: Избегната е трагедија, потврдено е дека е планиран напад

Карл Нехамер за откажаните концерти на Тејлор Свифт: Избегната е трагедија, потврдено е дека е планиран напад

Безбедносната ситуација околу планираниот напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена беше многу сериозна и беше избегната трагедија, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер откако беа откажани три концерти на поп пејачката Тејлор Свифт. Безбедносните служби потврдија дека е планиран напад на стадионот.

Нехамер на мрежата Х напиша дека благодарение на интензивната соработка на австриската полиција со странски служби, заканата била рано идентификувана и спречена е трагедија. Три концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани откако владата потврди дека бил планиран напад на стадионот, објави организаторот.

Австриската полиција уапси вчера две лица осомничени дека планирале напади на концерти. Главниот осомничен (19) е уапсен во Терница, јужно од Виена, а второто лице во главниот град на Австрија – 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група ИД.

Свифт имаше закажани концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота.

To top