Запрашан како гледа на заканите со „бојкот“ на локалните избори од страна на ДУИ, аналитичарот Агим Јонуз истакна дека на овие „закани“ гледал како на ништо ново.
-Ништо ново, не идеш на избори, пеки..твој избор, ќе правиш ова, ќе правиш она, пеки… тоа е твој избор. Власта таква каква што е, дали е идеална или не, си ја тера и агендата, апропо она што го вети и го инсталира на дело, паралелно со тоа организира или работи на организирање на локалните избори кои се пред нас есеноска. Паралелно со тоа работи на се она што во овоја актуелен момент треба да и донесе на државата барем еден понапред од онаква каква што ја затекнаа во смисла на власт, во смисла на функционалност и т.н, изјави Јонуз во „За или против“ на ТВ Алфа со новинарот Љупчо Цветановски.
ДУИ го прави како ДУИ, не како албански народ, не како насеалбанско население, туку како политичка поартија, еден сегмет од албанскиот народ. Она што се обидува да се инсталира, засега сметам дека е неуспешно, дека кога зборуваме за ДУИ зборуваме за албанскиот народ, вели аналитичарот.
-ДУИ го прави како ДУИ, не како албански народ, не како насеалбанско население, туку како политичка поартија, еден сегмет од албанскиот народ. Она што се обидува да се инсталира, засега сметам дека е неуспешно, дека кога зборуваме за ДУИ зборуваме за албанскиот народ. ДУИ не е албансиот народ, ДУИ е политичка партија. Таа политичка партија во делот на она што го доживеа, а доживеа пораз… некој ќе рече не, напротив нивната реторика е таа, ние не доживеавме пораз, ние сме изиграни, принципот на победник со победник, гецета-рецета. Оваква или онаква, сепак е политичка партија која има легитимно право да сите демократски модели и методи се бори, дали во вид на опозиција или позиција, еве во актуелниот момент во опозиција да се врати на власт. На пример, ако земиме во предвид што е впрочем е целта на опозицијата да биде позиција, истакна Јонуз во „За или против“.
Во продолжение можете да ја погледнете целата емисија: