Обединетите нации денеска соопштија дека петмина од нивните вработени во јеменскиот главен град Сана, кои претходно беа заробени од бунтовниците Хути, се ослободени, додека на другите затвореници им е дозволено да се движат во зградата на ОН.
„Движењето во зградата во Сана е овозможено за 15 членови на меѓународниот персонал на ОН и тие се во контакт со надлежните субјекти на ОН и нивните семејства. Петмина членови на националниот персонал кои беа заробени на 18 октомври во истата зграда се ослободени“, се наведува во соопштението на ОН.