На 24.01.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во шума во близина на с.Јаболце, општина Сопиште, бил пронајден починат Т.А.(64) од с.Јаболце.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.