Хроника

Жител на село Требиште, кој бил пријавен за исчезнат пронајден во Дебар

Жител на село Требиште, кој бил пријавен за исчезнат пронајден во Дебар

Секторот за внатрешни работи-Охрид, информираше дека во Дебар е пронајдено лице-жител на долнореканското село Требиште, кое претходно било пријавено за исчезнато.

-Вчера во 13.00 часот, при контрола во возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, извршена на улицата „8 Септември“ во Дебар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи- Дебар го пронајдоа И.Ј.(25) од селото Требиште, општина Маврово Ростуше. Тој на 4 септември годинава беше пријавен дека се оддалечил од домот, рече Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

Исто така информираше дека вчера пола час по полноќ во ОВР-Дебар е пријавено дека во казино на главната улица „8 Септември“ во Дебар, З.Л. од Дебар го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените и присутните гости.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top