Хроника

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка: Запалила една од собите и починала од задушување

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка: Запалила една од собите и починала од задушување

На 12.04.2024 во 11.30 часот во ОВР Крива Паланка, В.Н.(47) од Крива Паланка пријавила дека била нападната од Ј.Н.(42), лице со здравствени проблеми, додека била во домашна посета во нејзиниот дом како негувателка, при што се здобила со повреди.

-Според пријавеното, откако В.Н. била преземена од Итната медицинска помош, Ј.Н. запалила оган во една од собите и како последица од задушување од настанатиот пожар починала. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, информира МВР.

Увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка.

Најнови вести од Хроника

To top