Хроника злоупотреба на службената положба и овластување

Затворски полицаец од Струмица однел затвореник да си заврши работа, па го вратил

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Затворски полицаец од Струмица однел затвореник да си заврши работа, па го вратил

На 23.10.2023 пријавениот, во својство на вработен како затворски полицаец во КПУ – Затвор Струмица, во договор со осуденик кој издржувал казна затвор, со своето моторно возило го пренел до с.Јосифово за да завршат работа со негова роднина и го вратил.

To top