На 28.07.2024 во 17:10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(43) од Гостивар.
Тој се сомничи дека околу 16:45 часот со закана се обидел да одземе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје.
Тој бил приведен во полициска станица и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, било констатирано дека Д.С. издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово – отворено одделение Велес и бил пуштен на викенд отсуство.
Лицето било спроведено во установата, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.