Во ПС Кочани било пријавено дека В.З.(24) од Кочани физички нападнал едно лице во угостителски објект во Кочани, по што го напуштил објектот и потоа со неговото возило удрил во друго возило.
Потоа, В.З. дошол во полициската станица во Кочани, каде физички нападнал полициски службеници, по што е лишен од слобода.
По насока на јавен обвинител, В.З. бил спроведен во КПУ Затвор Струмица, бидејќи издржува казна затвор за веќе сторено кривично „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Тој бил пуштен на викенд отсуство и требало да се врати во затворот на 21.12.2024, соопшти МВР.