На 15.10.2024 во 08.15 часот во СВР Скопје, Ц.Г.(41) од Скопје пријавил дека од заталкано зрно од огнено оружје му било оштетено неговото патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, паркирано во неговиот двор на подрачјето на Кисела Вода.
Извршен бил увид и се преземаат мерки на расчистување на случајот, велат од МВР.