На 17.08.2024 во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во атар на с.Бадар, општина Петровец.
Полициски службеници од Полициското одделение Петровец излегле на местото и било констатирано дека Ѓ.С.(72) од Скопје запалил сува трева за да го исчисти дворот од неговата викенд куќа.
По укажување на полициските службеници дека пожарот може неконтролирано да се прошири бидејќи плацот е непосредно до шума, Ѓ.С. го изгаснал огнот.