Хроника

Загина возач: Со товарно возило излетал од пат и удрил во ограда, и друго возило излетало во обид да го избегне

Загина возач: Со товарно возило излетал од пат и удрил во ограда, и друго возило излетало во обид да го избегне

На 23.05.2025 во 22.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, товарно возило „рено мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(42) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда.

-После тоа, М.В.(44) од с.Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило „рено“, со возилото излетал од коловозот и удрил во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило „рено мастер“ и е пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 01.30 часот на 24.05.2025 починал, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Најнови вести од Хроника

To top