Автомобил „рено меган” со австриски национални ознаки, управувано од Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот Тетово – Попова Шапка.
Несреќата, информира МВР, се случила вчера околу 17:20 часот, а од возачот починал од здобиените повреди.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.