Хроника МВР

За еден ден- 674 сообраќајни прекршоци низ Македонија, 252 за непрописно паркирање

За еден ден- 674 сообраќајни прекршоци низ Македонија, 252 за непрописно паркирање

Во текот на вчерашните активности на полициските службеници во насока на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 674 платни налози.

Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 252, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 175, како и прекршоците по основ на возење без возачка дозвола 41.

Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, 39 санкции за неносење сигурносен појас, две мерки за возачи на мотоцикл поради неносење заштитна кацига, 20 санкции за користење мобилен телефон при возење, исклучени од сообраќај биле 12 нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

To top