Хроника Возете внимателно

За брзо возење казнети 261 лице

Во текот на вчерашниот ден (14.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 261 возач.

За брзо возење казнети 261 лице

Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 137 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

To top