Во текот на вчерашниот ден (28.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 207 возачи.
Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 76 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 131 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.