СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.В.(61) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.
На 31.08.2023 на регионален пат Тетово – Јажинце, полициски службеници го затекнале пријавениот додека со возило вршел јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.