Во СВР Тетово било пријавено дека на ден 20.07.2024 во 23.50 часот, на автопатот Тетово – Скопје, во близина на с.Требош, општина Желино, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.З.(41) од с.Љуботен, скопско, излетало надвор од коловозот, стои во билтенот на МВР.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ш.З.(41) и малолетен сопатник од с.Љуботен, додека со телесни повреди се здобиле двајца малолетници од с.Милетино и с.Љуботен, констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово, се наведува во соопштението.