Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, oсум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 19 мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.