Хроника

Возач тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Возач тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 14.12.2025 околу 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(50) од Скопје удрил во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.М.(23) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

To top