Хроника

Возач тешко повреден во сообраќајка во Битола

Возач тешко повреден во сообраќајка во Битола

На 18.05.2024 во 01.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(54) од с.Долно Српци, битолско и патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(57) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.К., констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

To top