На 07.08.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Дабиље-с.Петралинци, струмичко, З.А.(24) од с.Старо Балдовци, струмичко, управувајќи патничко возило „опел астра“ со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од коловозот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.