На 30.06.2024 во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, К.С.(23) од Скопје, додека управувал мопед „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
-Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.