На 05.08.2024 во 11.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Гоце Делчев“ со ул.„Партизанска“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан кашкаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.К.(23) од Свети Николе и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од Ј.П.(45) од Штип.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.