СВР Велес поднесе кривична пријава против А.М.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 10.08.2024, од страна на затворската полиција од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес во патничко возило „цитроен ксара“, сопственост на пријавениот – осуденик во установата била пронајдена и одземена марихуана.