На 03.08.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.С.(65) од Скопје, стои во денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи.
-Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во трговски центар на подрачјето на Центар. За настанот бил известен трудов инспектор и излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, соопшти МВР.