Хроника МВР

Во Тетово, Битола и Новаци три лица искасани од кучиња скитници

Во Тетово, Битола и Новаци три лица искасани од кучиња скитници

Во Тетово, Битола и Новаци во текот на вчерашниот ден три лица биле искасани од кучиња скитници.

На 12.03.2025 во 18.20 часот во СВР Тетово, С.М.(46) од Тетово пријавил дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

На 12.03.2025 во 23.40 часот во СВР Битола, Е.М.(35) од Битола пријавила дека на ул.„Партизанска” во Битола, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 12.03.2025 во 13.45 часот во СВР Битола, М.П.(49) од с.Новаци, општина Новаци пријавила дека на ул.„ 21. “ во Битола била касната од куче скитник.

Најнови вести од Хроника

To top