Полицијата од СВР Скопје вчера при контрола на сообраќајот во Скопје санкционирала 127 возачи, од кои 13 за возење без возачка дозвола.
-Девет мерки за користење мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење сигурносен појас, 13 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл…, соопшти Министерството за вбатрешни работи.
МВР информира дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за се зголеми безбедноста во сообраќајот.