На 31.12.2025/ 01.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Р.(42), Б.М.(45), А.Т.(36), К.Г.(28), С.С.(25), сите од Скопје, како и К.Г.(19) од с.Катланово, скопско, А.П.(37) од Кавадарци, Р.П.(31) и К.С.(27), двајцата од Куманово и Г.С.Ф.(23) од Турција затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, розева прашкаста материја, марихуана, дробилка и други предмети.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.