На 07.02.2024 во СВР Штип, вработен во менувачница во Штип пријавил дека при размена на евра во менувачницата, кое ги донело лице од Штип, забележал дека парите се фалсификат.
Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип излегле на местото и констатирале дека парите ги донел Д.М., за кои изјавил дека ги земал од лице од Скопје кое на 06.02.2024 од него купило мобилен телефон.
Банкнотите биле одземени и предадени на вештачење. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.