На 09.04.2024 во 08.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Благој Ѓорев“ Б.Л.(33) од Велес управувајќи мопед „пиаџо“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Л., констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.