Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(67) од с. Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
Пријавениот, делата ги сторил во текот на октомври 2023 година во атар на с.Неготино на катастарска парцела сопственост на Х.А. и Х.А.Ш., двајцата од с. Неготино.