На 03.09.2024 во 18:30 часот во Дебар, полициски службеници од криминалистичката полиција во Дебар го лишиле од слобода Е.Ф.(20) од Дебар, кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка.
Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на претставници од Центарот за социјални работи.
По документирање на настанот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.