На 29.01.2026 во 23:40 часот на ул.„Кочо Рацин“ во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Д.Г.(41) од Пробиштип.
-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Г., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,66 промили алкохол во крвта, информира МВР.