Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против С.Ј.(47) од Република Украина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На Граничен премин Табановце, при пасошка контрола и проверка, пријавениот на увид дал возачка дозвола за која по извршено вештачење е констатирано дека е фалсификувана.