Полициски службеници утринава во 04:45 часот ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје.
Тинејџерите се уапсени на на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Московска“ во Скопје.
-По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на РСМ, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.