Хроника мвр билтен

Уапсени повеќе лица

На 14.12.2024 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Тетово затоа што кај него бил пронајдени и одземен метален боксирач. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Уапсени повеќе лица

На 14.12.2024 во 21.00 часот на Транспортен центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ц.Ш.(47) од Република Албанија. Тој се сомничи дека претходно во автобус на ЈСП Скопје извршил џепна кражба , при што од чанти на две жени од Скопје одзел паричници. Со него бил извршен службен разговор и бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.12.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.12.2024 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.12.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.12.2024 во 15.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14..12.2024 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б.(18) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.12.2024 во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.Ц.(25) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

To top