На 31.07.2025 околу 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Мирковци го лишија од слобода В.Р.(33) од с.Танушевци, скопско.
-При вршење на мотопатролна дејност, во с.Кучевиште, скопско, полициските службеници запреле товарно возило „цитроен” со скопски регистарски таблички, управувано од В.Р. и при преглед на возилото констатирано е дека во него превезувал стока за која не поседувал никаква документација, информира МВР.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.