На 10.10.2024 во 17.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.К.(20) од Република Полска затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка, соопшти МВР.