На 02.08.2024 во 13:25 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Трапчин Дол, лишен од слобода е турскиот државјанин Б.П.(31), со привремено живеалиште во Кратово.
-При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана и цветови од канабис сатива. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.