На 26.01.2026 во 03:15 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода И.Ј.(39) од Турција, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, кое го управувал.
Тој е предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.