Хроника Скопје врие од кучиња скитници

Тројца скопјани вчера искасани од кучиња скитници

Вчера во три посебни случаи, тројца скопјани биле искасани од кучиња скитници.

Тројца скопјани вчера искасани од кучиња скитници

На 17.01.2024 во 13.55 часот во Полициската станица Гази Баба, В.П.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 17.01.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Драчево, А.Л.(35) од с.Батинци, Скопско, пријавила дека на пат за Дрисла била касната од куче скитник.

На 17.01.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром, К.К.(41) од Скопје пријавила дека на паркинг простор кај мостот Беласица во Скопје била касната од куче скитник.

To top