На 05.04.2024 во 20:15 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.М.(21), О.И.(26) и А. А.(34), сите од Прилеп, затоа што околу 19:00 часот во близина на Градскиот часовник во Прилеп физички го нападнале С.Ч.(54) од Прилеп.
По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.