Хроника сКОПСКО: нерасчистени имотно-правни односи

Тепачка во штала меѓу М.З., Л.З. и Р.З., од една и А.З., С.З. и Б.З. од друга страна

Тепачка во штала меѓу М.З., Л.З. и Р.З., од една и А.З., С.З. и Б.З. од друга страна

На 14.12.2025 околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во штала во с.Арнакија, скопско, по претходно нерасчистени имотно-правни односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.З.(24), Л.З.(21) и Р.З.(59), од една страна и А.З.(63), С.З.(30) и Б.З.(35) од друга страна, при што биле употребени и тврди предмети.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Р.З., додека со повреди се здобиле М.З. и Б.З., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

To top