Денеска (15.09.2024) во 04:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, биле опожарени три возила.
Гореле патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од с.Биљановце, кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје, соопшти МВР.