На 03.01.2026 во 02:35 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(27) од с.Градец, општина Врапчиште, удрило во паркирано патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од Е.С.(19) од с.Здуње, гостиварско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник В.А.(27) од с.Градец, а со телесни повреди се здобиле возачот и другиот сопатник Н.И.(37) од с.Градец, констатирани во Медицински центар Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.