На 09.12.2025 во 19:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Плачковица-Штип, кај с.Стар Караорман, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.Б.(24) од Република Турција, со престој во Штип, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците С.Б.(18), У.К.(24) и Ј.Б.Т.(27), сите од Турција, со престој во Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.